Џанлуиџи Донарума игра фантастична сезона во дресот на Милан и оваа сезона се промовираше во еден од најдобрите голмани во Европа.
Милан на одличен начин ја започна новата 2019 година во која има примено само три погодоци на вкупно 11 одиграни средби, а најголеми заслуги за тоа секако има 20-годишниот чувар на мрежата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Минатото лето имаше големи проблеми на релација Милан – Донарума, односно несогласувања околу неговиот агент Мино Раиола.
На крајот Џиџио потпиша договор до 2021 година според кој заработува 6 милиони евра по сезона, но италијанските медиуми тврдат дека наскоро ќе му биде понуден нов договор.
Новото раководство има одлични односи со Раиола и сака да го задржи Донарума уште долго време на „Сан Сиро“, па започнале преговори за нов договор.
Според извештаите од медиумите Донарума ќе стави потпис на нов договор со кој ќе се обврзи на верност со „росонерите“ до 2024 година и годишно ќе заработува 7 милиони евра по сезона.
Се уште не е познато дали во новиот договор ќе има откупна клаузула, но доколку има, таа сигурно ќе биде повисока од 100 милиони евра.
Донарума неодамна наполни 20 години и веќе има 165 настапи за Милан во Серија А, притоа е прв голман во италијанската репрезентација.
✍? #Milan – Si va verso il rinnovo di #Donnarumma fino al 2024 e con uno stipendio da capogiro
?#CMITmercato
https://t.co/L4nW1ZJTl4— calciomercato.it (@calciomercatoit) March 5, 2019