Црвена Звезда денес го слави 74-тиот роденден. По тој повод на клупскиот сајт на славниот српски клуб се појави интересен текст за основањето на Звезда.
На денешен ден на 4-ти март 1945 година основано е Спортското дршутво Црвена Звезда кое денес го слави 74-тиот роденден.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На клупскиот сајт на ФК Црвена Звезда денес за оние помладите навивачи се појави објаснување како Звезда настанала во таа денес далечна 1945 година.
Претходно еден месец основано е младинско фискултурно друштво кое набрзо станало спортски колектив и го добило името – Црвена Звезда.
На кој начин и зошто токму Црвена Звезда? Одговорот е во продолжение и објаснувањето од клупскиот сајт.
„И денес како една анегдота се зборува за тоа што се случувало на последната седница на иницијативниот одбор. Еден ден пред одржувањето на состанокот на Општината долго се дискутираше за тоа кое име би му одговорало на спортскиот колетив. Се редеа предлози: Младост, Ударник, Торпедо, Динамо, Локомотив и ниту еден не беше привлечен“.
„Конечно на крајот блеснала Црвеа Звезда“.
„Како? Постојат разни верзии за тој чин, но поголемиот дел се сложуваат дека кумови биле Слободан Чошиќ и Зоран Вујовиќ, првите потпретседатели на клубот. После бројните предлози, Чошиќ кажал:
„Луѓе а друштвото да го наречеме Звезда?“
На тоа Зујовиќ додал:
„Одлично. Само кога е Звезда – нека биде црвена“.
На тој 4-ти март 1945 година првиот натпревар во историјата на друштвото Црвена Звезда е одигран против екипата на Првата батаљон на втората бригата на КНОЈ и победиле со резултат 3:0.
Веќе наредната година била освоена првата титула државен шампион.