Порто и Бенфика синоќа го одиграа големото португалско дерби, кое на крајот им припадна на „орлите“ од Лисабон (1:2).
Порто иако прв дојде до водство, на крајот загуби и и го препушти првото место на табелата на Бенфика.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Дербито како и секогаш донесе голема возбуда, но сепак еден момент го одбележа натпреварот.
Искусниот дефанзивец Пепе при еден дуел со младата ѕвезда Жоао Феликс падна како покосен, иако воопшто не дојде до контакт.
Дефанзивецот симулираше, а потоа стана и го нападна противникот, па настана „хаос“ на теренот.