Aргентинскиот напаѓач Мауро Икарди пропушти веќе пет натпревар за Интер откако му беше одземена капитенската лента.
Во Интер се лути на Икарди што со месеци Аргентинецот одолговлекуваше со потпишувањето на новиот договор. Клубот му ја одзема капитенската лента пред две недели после што Икарди пропушти пет натпревари поради наводна повреда на коленото, но после направениот преглед неодамна беше откриено дека се е во ред.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Икарди се огласи со емотивно соопштение во кое тврди дека никогаш не би направил нешто против клубот. Меѓутоа веќе на многумина им е јасно дека неговата сопруга и агент, Ванда Нара управува со неговата кариера и многу е веројатно дека Икарди веќе го одигра своето во Интер. Сите очекуваат Аргентинецот на лето да го напушти клубот.
Во италијанските медиуми на големо се шпекулира дека Јувентус е спремен да ја активира откупната клазула за Икарди во износ од 110 милиони евра и да го доведе на крајот од сезоната, но целата ситуација ја следи и Реал Мадрид.
Наводно, „кралевите“ сакаат да го искористат лошиот однос помеѓу Икарди и Интер и да го купат доколку некој клуб не го откупи неговиот договор. Во Реал спремно го чекаат расплетот на ситуацијата и ако нема клуб (од Италија) кој ќе ја активира клазулата од 110 милиони евра тогаш тие ќе се обидат да го доведат за помала сума.
Во тој случај се шпекулира дека Реал на Интер ќе му понуди сума помеѓу 40 и 50 милиони евра знаејќи дека во Интер нема да имаат многу опции. На клубот сигурно му е во интерес да го продаде Икарди отколку тој наредната сезона да ја преседи на клупата или на трибините.