Дома Фудбал Англија Познато кој ќе биде нов капитен на Манчестер Јунајтед ако Солскјер остане

Познато кој ќе биде нов капитен на Манчестер Јунајтед ако Солскјер остане

solskjer

Скоро сигурно е дека Антонио Валенсија нема да биде член на Манчестер Јунајтед следната сезона, такво нешто најави и Оле Гунар Солскјер во текот на вчерашниот ден.

Искусниот Еквадорец многу веројатно како слободен играч ќе го напушти „Олд Трафорд“, а со неговото заминување капитенската лента на Манчестер Јунајтед ќе остане без сопственик.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Норвежанецот се уште нема добиено траен договор и се уште има договор како привремено решение до крајот на сезоната. Меѓутоа според резултатите кои ги прикажува ќе биде вистинско чудо ако не го гледаме на клупата на „ѓаволите“ и наредната сезона.

Така на Островот веќе се пишува дека Солскјер избрал кој ќе биде новиот капитен на Манчестер Јунајтед. Ако Солскјер остане во Јунајтед и наредната сезона нов капитен на тимот ќе биде Пол Погба.

Капитенската лента на Погба му ја даде и Жозе Мурињо (Французинот ја носеше на отварањето на сезоната против Лестер), но после конфликтот и сите проблеми му беше одземена од страна на Португалецот.

Во овој момент Валенсија се мачи со повредите, а на должноста капитен го менува Ешли Јанг, но Солскјер смета дека таа треба да биде на раката на Погба кој е светски шампион.

Треба да се додаде и дека Погба после доаѓањето на Солскјер во клубот игра како препороден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Де Зерби може да седне на клупата на „Олд Трафорд“

Манчстер Јунајтед ќе му врачи отказ на тренерот Ерик Тен Хаг, тврдат медиумите блиски до к…