Дома Македонски спорт Мак фудбал Поднесена кривична пријава против поранешниот претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски

Поднесена кривична пријава против поранешниот претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски

Финансиската полиција денес потврди дека е поднесена кривична пријава за затајување на данок против поранешниот прв човек на македонскиот фудбал Илчо Ѓорѓиоски.

Поранешниот претседател на ФФМ е осомничен за фалсификување или уништување на документација со цел да оствари личен приход.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Според информациите на финансиската полиција Ѓорѓиоски не направил отпис на 2017 година на ненаплатени побаравуања од затворен правен субјект „АД Тобако Скопје“ и „АД Југохром Јегуноце“ во износ од 16.8 милиони долари.

„ И. Ѓ. во својство на претседател на Фудбалската федерација на Македонија, во периодот од 1 јануари 2017 до 27 февруари 2018 година, со цел правниот субјект да се стекне со противправна имотна корист, свесно прикажал лажни и невистинити податоци во завршната сметка за 2017 година, кои ги поднел на 27 февруари лани до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар“, стои во соопштението од Финансиската полиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Полиција го изнесуваше Гачевски од теренот во Тетово 🎥

Teнзично беше денес во натпреварот помеѓу Шкендија и Вардар во Тетово кој домаќините го до…