Дома Македонски спорт Мак ракомет Гол на Пенезиќ во последните секунди за победа на Вардар против Будуќност

Гол на Пенезиќ во последните секунди за победа на Вардар против Будуќност

Ракометарките на Вардар иако без четири стандардни во составот и со еден пивотмен, кој има само неколку заеднички тренинзи со екипата, успеаја да го победат Будуќност во четвртиот меч од регионалната ВРХЛ лига.

На турнирот во Копривница македонскиот шампион оствари две победи, а триумфот против Будуќност од 28:27 дојде во последните секунди. Андреа Пенезиќ го постигна победоносниот гол за „црвено-црните” со што нашиот тим ја продолжи серијата триумфи во ВРХЛ лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Црвено-црните“ одиграа две различни полувремиња, во кои сепак на крајот се радуваа. На полувреме Вардар замина со предност од 15:11, и во тој период добро функционираше нашата игра во одбрана.
Второто полувреме донесе променлива игра, но Вардар ја имаше расположената Андреа Пенезиќ која постигна 11 гола на натпреварот, вклучувајќи го и оној во последните секунди од средбата.

– Ја подобривме агресивноста на играта во одбрана 6-0 во прво полувреме, и девојките одиграа добар меч. Се виде дека ни недостигаше сила, бидејќи целиот товар падна на плеќите на 7-8 девојки. Но, тоа ќе го надоместиме во следните мечеви. Добро функциониравме во првото полувреме. Ќе се обидеме да ги поправиме сите пропусти во играта за следниот турнир, вели Ацо Станковски, помошник тренерот на екипата на Вардар.

Следниот турнир во ВРХЛ лигата се одржува на 1 и 2 април во Љубљана. Таму ќе Вардар ќе игра со Крим и со Подравка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лина Ѓорческа не успеа да ја изненади 40. тенисерка во светот

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа претрпе елиминација од Челинџер турнирот во …