Селекторот на бразилската репрезентација, Тите денес го објави списокот на играчи на кои ќе смета на пријателските натпревари против Панама и Чешка кои се играат во март.
Тите не калкулираше и го повика во репрезентацијата оние најдобрите кои моментално ги има на располагање. Се приметува трендот на подмладување, бидејќи само четворицата дефанзивци имаат 30 и повеќе години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најголема вест е што на списокот на Тите се најде суперталентираниот фудбалер на Реал Мадрид, Винисиус како и новата ѕвезда на Милан, Лукас Пакета. Нов повик доби и младата ѕвезда на Порто, Едер Милитао кој е на радарот на најголемите европски гиганти.
Најголем хандикеп е секако отсуството на повредениот Нејмар, а од списокот се изоставени уште Марсело, кој не игра во добра форма оваа сезона, како и Даглас Коста и Вилијан.
Голмани: Алисон (Ливерпул), Едерсон (Манчестер Сити), Вевертон (Палмеирас)
Дефанзивци: Алекс Сандро (Јувентус), Дани Алвес (ПСЖ), Данило (Манчестер Сити), Едер Милитао (Порто), Филипе Луис (Атлетико Мадрид), Маркињос (ПСЖ), Миранда (Интер), Тиаго Силва (ПСЖ)
Среден ред: Алан (Наполи), Артур (Барселона), Каземиро (Реал Мадрид), Фабињо (Ливерпул), Фелипе Андерсон (Вест Хем), Лукас Пакета (Милан), Филипе Кутињо (Барселона).
Напад: Евертон (Гремио), Роберто Фирмино (Ливерпул), Габриел Жесус (Манчестер Сити), Ричарлисон (Евертон), Винисус Јуниор (Реал Мадрид).