Дома Фудбал Пике после „Ел Класико“ зборувал за политиката: Знимавајте се со други работи, не со ВАР

Пике после „Ел Класико“ зборувал за политиката: Знимавајте се со други работи, не со ВАР

pique

Жерар Пике се наоѓа во центарот на вниманието на шпанската јавност и тоа само еден ден после натпреварот против Реал Мадрид во полуфиналето од шпанскиот куп.

Меѓутоа вниманието кон стоперот на Барселона сега е насочено поради политиката, не поради спортот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона го победи Реал Мадрид со 0:3, а конференцијата после натпреварот Пике ја искористил да зборува за политичката ситуација во Шпанија.

Пике ги изненадил сите новинари во микс зоната кога започнал да зборува за каталонските политичари.

Во Шпанија многу политичари се приведени поради обидот на Каталонија да се одвои, некои и завршија во рацете на властите, има и такви кои се во бегство. Сепак јасно е дека еден фудбалер не смее јавно да зборува за работите кои не се поврзани за фудбалот на спортски настани.

„Кога сите овие шпански телевизии кои се тука се занимаваат со политичките затвореници, а не со ВАР тогаш Шпанија би била многу подобра земја. Тоа што им се прави на одредени луѓе не е чесно и сите треба да знаат повеќе за таа ситуација“, изјави стоперот на Барселона.

Добро познато е дека Пике во еден од најголемите Каталонци, но неговата ваква изјава и користењето на вниманието поради „Ел Класико“ за ваков говор сигурно дека можат да му донесат проблеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…