Дома Останати Ракомет Невидено досега: Голманка за 30 секунди постигна два гола за пресврт и победа! (ВИДЕО)

Невидено досега: Голманка за 30 секунди постигна два гола за пресврт и победа! (ВИДЕО)

Неверојатна ситуација се случи во самата завршница од 16-тото коло во унгарското првенство кога ракометарките на Ваца со два гола на Барбара Аренхард на бизарен начин во само 30 секунди направија пресврт и ја победија екипата на Сиофок со 25:24.

До крајот на натпреварот остануваа триесетина секунди, а екипата на Сиофок ја имаше топката и предност од 24:23. Место да ја чуваат топката што подолго се одлучија да ризикуваат и да играат без голман. Тогаш ја изгубија топката и голманката на Ваца со шут преку целиот терен погоди за изедначување.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тука не беше крајот на чудата на овој натпревар. Во Сиофок очигледно ништо не научија од првата акција и направија идентична работа на пет секунди пред крајот.

Бразилската голманка и златна од СП 2013 овој пат фати една „жива“ топка и со звукот на сирената постигна гол за победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…