Дома Фудбал Англија Нов отказ на Островот: Лестер го отпушти Клод Пуел!

Нов отказ на Островот: Лестер го отпушти Клод Пуел!

По серијата негативни резултати, раководството на Лестер го отпушти тренерот Клод Пуел.

Причината за разделбата меѓу двете страни се слабите резултати во последно време, а капката која ја прели чашата е вчерашниот тежок пораз од Кристал Палас со 1:4.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Лестер во последните седум меча имаше дури шест порази и единствениот дуел, каде што останаа непоразени, беше на „Енфилд“ против Ливерпул.

Уште позагрижувачки е фактот дека единствениот триумф годинава им е на први јануари против Евертон на гостински терен, а од тогаш тимот како да западна во летаргија.

57-годишниот Французин го водеше тимот од „Кинг Пауер“ на 56 натпревари и оствари учинок од 19 победи, 13 реми средби и 24 порази. Тимот моментално се наоша на 12 место во Премиер лигата со 32 бода.

Мајк Стовел и Адам Садлер, кои беа дел од тренерскиот тим, ќе застанат на чело на екипата додека не се пронајде решение.

Во моментов не е познато кој ќе го наследи Пуел, иако англиските медиуми шпекулираат дека тоа би требало да биде Брендан Роџерс, поранешниот тренер на Ливерпул и актуелен избраник на Селтик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Миовски постигна гол за Ренџерс, но ВАР му ја скрати радоста (Видео)

Бојан Миовски беше во центарот на вниманието на дербито меѓу Ренџерс и Хартс, но неговиот …