Атлетико Мадрид во првиот натпревар од осмина финалето во ЛШ славеше на домашен терен против Јувентус со 2:0.
Иако торинскиот клуб беше тој кој ја диктираше играта во првиот дел, во продолжение избраниците на Симеоне заиграа подобро, што им донесе два погодоци и важна победа пред реваншот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дека Атлетико заслужено славеше мисли и голманот на екипата Јан Облак, истакнувајќи дека неговите соиграчи одиграле одличен натпревар, но во реваншот треба бидат доста внимателни.
„Заслуживме да победиме, бевме одлични. Имаше уште некоја прилика, можеби можевме да постигнеме уште некој погодок, но треба да останеме смирени бидејќи не очекува вториот дел од работата во Италија. Тие 2:0 ни даваат убава предност, но Јувентус е Јувентус, мораме во реваншот да имаме таков пристап како сега да завршило без голови.“ – изјави Облак по натпреварот.
Опуштање не смее да има…
„Не, ништо не е готово. Добро се браневме, направивме се што пред натпреварот се договоривме во соблекувалната и тие погодоци дојдоа како плод на сите анализи.“ – заклучи Облак.
Реваншот во Торино е на распоредот на 12 март од 21 часот.