Дома Фудбал Репрезентации Tри гола на Паулињо од вкупните 4:1 – Бразил подобар од Уругвај

Tри гола на Паулињо од вкупните 4:1 – Бразил подобар од Уругвај

Фудбалерот на кинескиот тим Гонжу, Жозе Паулињо оствари „хет-трик“ во победата на Бразил против големиот ривал Уругвај.

На дуелот од јужноамериканските квалификации за Светското првенство во Русија, одигран ноќеска во Монтевидео, репрезентацијата на Бразил го победи Уругвај со 4:1.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Домаќините поведоа уште во 9. минута со голот на Едисон Кавани од пенал.

Потоа на сцена настапи Паулињо, кој само десет минути подоцна го израмни резултатот, а со својот втор гол во 52. минута му донесе предност на Бразил.

Предноста ја зголеми Нејмар со голот во 72. минута, а Паулињо со третиот свој гол на мечот во последната минута (90+2) го постави конечните Уругвај – Бразил 4:1.

Со оваа победа „Кариоките“ се зацврстија на врвот на табелата со 7 бодови повеќе од синоќешниот противник Уругвај, односно осум повеќе од трето пласираната Аргентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Молдавците изгубија со 1-11, а селекторот со неговиот потег ја налути цела држава

Изгледа неверојатно и невозможно, но Норвешка успеа да постигне дури 11 голови против Молд…