Во Македонија во иднина би можел да разавива ракометот на плажа.
Од 2024 година ракометот на плажа станува олимписки спорт, па генералниот секретар на РФМ Марјан Начевски на денешното собрание излезе со предлог овој спорт да се активира во нашата земја.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во нашата спортска историја Македонија се уште нема настап на олимписките игри во екипен спорт. Начевски смета дека тоа можеме да го оствариме со ракометот на плажа.
„Во 2024 година ракометот на плажа официјално ќе стане олимписки спорт. Ние како репрезентација во женска конкуренција во 2011 година бевме четврти на Светските игри. Ова јасен знак дека имаме потенцијал во овој спорт. Сигурен сум дека можеме да се избориме за Олимпијада како во машка така и во женска конкуренција. Мојот предлог е да му се даде простор на овој спорт“, изјави Начевски.
Ваквиот предлог му се допадна на претстедалот на РФМ Живко Мукаетов кој најави дека ќе ја разгледува можноста овој спорт повторно да стане активен во Македонија.