Maуро Икарди се уште не го продолжил договорот со „Нероаѕурите“, а после тоа што се случуваше пред два дена тешко и дека ќе се случи.
Икарди ја изгуби капитенската лента и таа во иднина ќе ја носи Сами Хандановиќ. Покрај тоа беше изоставен од тимот за вчерашниот натпревар на Интер против Рапид Виена. Освен тоа Икарди ќе го пропушти и натпреварот за викендот против Сампдорија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Објаснувањето е дека станува збор за ситна повреда, меѓутоа никој не верува во такво нешто.
Како извор на сите проблеми се наведува неговата сопруга и агент Ванда Нара. Критики доби и од страна на Фабио Капело кој директно ја обвини неговата сопруга.
„Во соблекувалната на еден тим во никој случај не смее да се дозволи сопругата на фудбалерот кој е капитен да зборува што ќе стигне во јавноста на штета на клубот. Џабе Икарди се поздравува со судијата на натпреварот кога очигледно капитенот на Интер е во неговиот дом“.
Вчера во медиумите се појави и вест дека ситуацијата во Интер сака да ја искористи големиот ривал на клубот од Милано, Јувентус.
'Icardi has already an agrement with Juve' https://t.co/AGn2S3u1xL pic.twitter.com/G2yBMDszjB
— CalcioMercato (En) (@CmdotCom_En) February 14, 2019
Како дополнување на оваа вест се појави и изјавата на италијанскиот новинар, Валер Де Маџо за реномираниот „Калчомеркато“.
„Мислам дека во Интер веќе знаат дека Икарди има договор со Јувентус. Интер е голем клубот и Марота е одличен спортски директор кој добро си ја знае работата. Одземањето на капитенската лента е голема одлука и поради тоа сум сигурен – Икарди веќе постигнал договор со Јувентус“, порача Де Маџо.
Иначе, договорот на Икарди со Интер важи до 2021 година и според ова што се случува истиот нема да биде продолжен.