Дома Фудбал Лига на шампиони Ајакс – Реал Мадрид: Дали младите Холанѓани ќе го срушат „кралот“

Ајакс – Реал Мадрид: Дали младите Холанѓани ќе го срушат „кралот“

Ајакс во една крајно непријатна ситуација е домаќин на Реал Мадрид во рамки на 1/16 финалето од фудбалската Лига на Шампиони. Реал пак во одлична атмосфера и во голема форма патува во Холандија во дуелот на два поранешни европски шампиони.

Реал Мадрид е се подобар

Влегувањето во нокаут фазата од Лигата на шампионите на некој начин доведе до крај на очајот на Реал Мадрид. Сега работите се важни, а натпреварите имаат многу поголемо значење поради тоа што тешко е да се верува дека Реал може да направи нешто повеќе во Ла Лига.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Трикратниот шампион на Европа, несомнено одвои премногу време за да ја надмине загубата на Кристијано Роналдо. Но во последниве неколку недели Санти Солари повторно ја врати екипата во нормала.

Реал славеше на осум од последните 10 натпревари и постигна неверојатни 12 голови на последните четири меча. Ждрепката за полуфиналето на Копа дел Реј не беше поволна за нив и тие се паднаа со Барселона, но на првиот меч минатата недела одиграа 1:1 на гости и сега се во поовластена позиција. За прв пат, во пост-Роналдо ерата постојат позитивни вибрации во нивниот напад и тие сега сакаат да го искористат тоа уште на првиот меч во Холандија.

Растат амбициите во сите натпреварувања

Карим Бензема ужива во последно време. Ужива и од моментот што му се посветува повеќе внимание и тој постигна шест гола во последните шест натпревари. Герет Бејл повторно се вклопува во формацијата на одличен начин и веќе игра онака како и што се очекува од него. Во тоа во голема мера учествуваат и Лукас Васкез и Виникус Јуниор. Токму тие се виновни што Иско се почесто се наоѓа на клупата и добива однапрет пресметано време на теренот. Иако многумина сметаа дека Солари целосно ќе се насочи кон Лигата на Шампиони, ситуацијата и не е баш таква. Минатиот викенд против Атлетико Мадрид, Реал славеше победа од 1:3 на гости и значително се доближи до Барса. Ако на слично ниво Реал Мадрид одигра и во Амстердам, тогаш Ајакс нема што да бара на овој натпревар.

Во Ајакс немир и расправии во соблекувалната

Ајакс речиси секогаш е фаворит во домашниот шампионат, но сезонава игра под очекувањата. Ајакс заостанува со дури шест бода во однос на ПСВ, а натпреварите во Лигата на Шампиони дополнително ќе им го отежнат патот до титулата. Но затоа, во групната фаза од Лигата на Шампиони, Ајакс беше непобедлив и тоа во група со Баерн Минхен, Бенфика и АЕК. Тие имаа по три победи и ремија за второ место во групата. Зимската пауза го одалечи Ајакс од трофејот во Холандија. По паузата тие славеа на само два од пет натпревари, а против Хераклес за време на викендот, неколку играчи од Ајакс беа видени како се расправаат меѓу себе на теренот.

Ајакс

Ајакс руши негативни рекорди стари 70 години

Можеби најголемата загриженост поради која се случуваат проблемите во Ајакс се нивните дефанзивни проблеми. Тие примија четири голови против Херенвен и шест гола во дербито во Фееноорд. Првпат примаат четири или повеќе голови на два меча по ред во Ередивизија од 1959 година. Токму овој негативен рекорд си повлече и проблеми во соблекувалната.

За да бидат работите уште полоши, ѕвездата Френки Де Јонг кој потпиша за Барселона во јануари е под знак прашалник за овој натпревар. Под знак прашалник е и настапот на аргентинскиот интернационалец Николас Таглиафико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Столе Димитриевски спремен да преговара за трансфер во Саудиска Арабија?

Maкедонскиот голман Столе Димитриевски според информациите на дел од медиумите има понуда …