Навивачите на Манчестер Јунајтед поради формата во која се наоѓаше тимот пред натпреварот со ПСЖ очекуваа поволен резултат во вчерашниот осминафинален натпревар, меѓутоа такво нешто не се случи.
ПСЖ однесе победа од „Олд Трафорд“ со 0:2, а голем дел од фановите кои беа присутни на „Олд Трафорд“ разочарувањето го покажаа со тоа што трибините ги напуштија пред последниот судиски свиреж.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот стратег на Арсенал и голем ривал на Манчестер Јунајтед, Арсен Венгер вчера беше гостин во телевизијата „БеИН“ каде што ги анализираше случувањата во осминафиналето.
https://www.youtube.com/watch?v=A8a3886YvZE
Според Венгер Манчестер Јунајтед натпреварот го изгубил на средината од теренот.
„Кога играте Лига на шампиони не смеете да дозволите противникот да доминира во средината. Во текот на целиот натпревар Јунајтед дозволи доминација во средниот ред. Тухел играше со пет играчи за врска кои добро си ја вршеа работата и никогаш не ја губеа топката“.
„Јунајтед тешко ја освојуваше топката, а и кога ќе ја освоеше брзо ја губеше. Накратко ПСЖ доминираше во тој сегмент. Ако играте на домашен терен и не успевате да ја задржите топката тогаш секако дека имате проблем. Во овој натпревар очиглено беше дека Манчестер изгледа лошо во споредба со класата на ПСЖ. Одлуката на Тухел да игра со пет играчи за врска и со помалку напаѓачи се покажа како полн погодок“, изјави Венгер.
#PSG "dominated" #MUFC in midfield.#beINUCL #beINWenger #MUNPSG pic.twitter.com/kasMZRqFZ7
— beIN SPORTS (@beINSPORTS) February 12, 2019