Во поголем разговор за „Газете дело Спорт“ главниот оперативец на Јувентус, Фабио Партичи зборуваше за тоа трансферот на Кристиано Роналдо.
Торинскиот клуб барал начин како повторно да го мотивира тимот кој има веќе сеум титули во низа шампион на Италија, а истовремено и да ги подобри шансите во Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За се што се случувало сега зборуваше спортскиот директор Фабио Партичи.
„Му кажав на Андреа Ањели и Павел Недвед: Имам идеја. Треба да направиме проценка, затоа немојте да се смеете и немојте да избегате. Постојат два начини да го мотивираме тимот.
Првиот начин не можам да ви го кажам веднаш, а вториот е да го доведеме Кристиано Роналдо“, им соопштил Партичи, после што беше запрашан за првиот начин.
„Првиот начин е да го купиме Мауро Икарди и да направим бум во Италија. Место тоа можеме да го доведеме Роналдо. Андреа ме погледна и се насмеа. Во тој момент не веруваше дека Роналдо може да го купиме за сумата која ми ја кажа Мендеш“, откри Партичи.
Значи, Јувентус бил блиску до повторување на 2016 година кога во шокантен трансфер го купија Гонзало Игуаин од Наполи за 90 милиони евра.
Две години подоцна сакале да го купат капитенот на најлутиот ривал, меѓутоа Роналдо го сметале за подобра опција. Сега, не е познато колку Икарди имал желба да го засили најголемиот ривал на неговиот клуб.