Дома Фудбал Барселона го посакувала Шкртел, но Словакот ги одбил

Барселона го посакувала Шкртел, но Словакот ги одбил

Интересни информации пристигнуваат од Шпанија, а поврзани се со екипата на Барселона и поранешниот играч на Ливерпул.

Имено, искусниот Словак во текот на јануарскиот преоден рок бил голема желба на Барселона.

Поради повредата на Умтити и слабата форма на Пике, во Барса сакале да донесат искусно засилување во дефанзивата. Наводно се споменувал и Бранислав Ивановиќ, но прва опција бил Мартин Шкртел.

Она што е интересно е дека играчот одбил трансфер во шпанскиот тим.

„Барселона сакаше да го потпише, бидејќи им треба централен дефанзивец како алтернатива, но тој не прифати бидејќи не сака да биде замена за Пике и Умтити.“ – изјавил изворот.

Шкртел е задоволен од статусот во Истанбул и нема намера да замине во друга средина. Тој е член на Фенербахче од 2016. година кога пристигна од Ливерпул, а договорот со оваа екипа му истекува на крајот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристовски со четири гола ја предводеше победата на Илинден од 14:1

Илинден го совлада Марино со 14:1, а тројца фудбалери постигнаа вкупно десет гола. Тимот н…