Дома Фудбал УЕФА го промени главниот судија за натпреварот Ајакс – Реал Мадрид

УЕФА го промени главниот судија за натпреварот Ајакс – Реал Мадрид

Реал Мадрид утре ќе го одигра првиот натпревар во осминафиналето на ЛШ против Ајакс.

Овој натпревар требаше да го суди Шимон Марчињак, но УЕФА на два дена пред натпреварот го промени главниот судија за овој натпревар и го постави Словенецот Дамир Скомина за главен арбитар.

Скомина осум пати му судел на Реал, а Кралевите имаат добар скор од шест победи и два порази.

Словенецот му судеше на Реал во осминафиналето пред две години на Бернабеу кога тимот од Мадрид победи со 3:1.

Двата натпревари во кои Реал загуби кога Скомина бил главен судија беа против германски клубови, певиот пат во 2014. година кога Реал загуби од Дортмунд со 2:0, а вториот пат во 2015. година кога Шалке славеше на Бернабеу со 4:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа

Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…