Дома Фудбал Англија Официјално: Уште еден важен потпис на „Олд Трафорд“

Официјално: Уште еден важен потпис на „Олд Трафорд“

Ешли Јанг денес и официјално стави потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед и се обврза на верност кој „црвените ѓаволи“ до 2020 година.

Уште минатата недела англиските медиуми открија дека двете страни постигнале согласност за нов договор, а денес тој и официјално беше објавен.

33-годишниот Јанг стана шестиот играч на Манчестер Јунајтед кој од почетокот на сезоната го продолжи договорот со клубот. Пред него тоа го направија Лук Шо, Крис Смолинг, Мектомини, Антони Марсијал и Фил Џонс.

Андер Ерера и Хуан Мата се единствените играчи на кои им истекува договорот, а се уште не ставиле потпис на нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Малиот Урош од Бања Лука со цртеж на Джека го обедини регионот

Седумгодишниот Урош од Бања Лука го нацрта својот идол Едина Џека како се крсти, што преди…