Барселона вчера одигра далеку под својот просек на гостувањето на „Сан Мамеш“ и само благодарение на Тер Штеген кој правеше чуда на голот во Каталонија се вратија со позитивен резултат.
Германецот против Билбао ја потврди својата одлична форма, а посебно се истакна во кога во финишот на чудесен начин не му дозволи на Ињаки Вилијамс да ја затресе неговата мрежа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После натпреварот Валверде излезе со малку чудна изјава на сметка на неговиот голман.
„Тер Штеген одигра уште еден одличен натпревар и тоа мора а се признае. Меѓутоа, во првото полувреме имаше една ситуација во која интервенираше после еден негов пропуст. За среќа си ја поправи грешката со фантастична одбрана. Онаа на Ињаки во финишот беше брутална“, изјави Валверде.
Иначе, Тер Штеген бранеше одлично само против Билбао. Неверојатно звучи податокот дека Германецот одбрани 30 од последните 34 директни удари кон неговиот гол.
30 – Marc-André ter Stegen has saved 30 of the last 34 shots on target he has faced for @FCBarcelona in @LaLigaEN (four goals conceded). Rescuer. pic.twitter.com/mMZYR58vPU
— OptaJose (@OptaJose) February 10, 2019