Дома Топ вести Барселона крева раце од Кутињо!

Барселона крева раце од Кутињо!

Барселона во текот на оваа недела го одигра големото Ел Класико против Реал Мадрид во рамките на полуфиналето на Кралскиот куп, а на крајот натпреварот заврши 1:1.

Шанса од првата минута доби и Фелипе Кутињо кој играше во врвот на нападот со Суарез и Малком.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кутињо веќе неколку недели игра на местото на повредениот Осман Дембеле, но тоа никако да го искористи. На Бразилецот во изминатите некоку месеци ништо не му оди од нога, а против Реал беше еден од најслабите играчи на теренот.

За трансфер на Кутињо се зборуваше и во јануарскиот преоден рок, но од Барселона порачаа дека тој не е на продажба.

Сепак, доколку бразилскиот играч продолжи со слабите игри во текот на летото со сигурност ќе биде еден од првите кој ќе ги спакува куферите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…