Дома Фудбал Германија Драма во Бундес лигата: Борудсија Дортмунд за 15 минути прокоцка 3:0! (ВИДЕО)

Драма во Бундес лигата: Борудсија Дортмунд за 15 минути прокоцка 3:0! (ВИДЕО)

Најинтересниот натпревар денес во Бундес лигата го одиграа екипите на Борусија Дортмунд и Хофенхајм.

„Милионерите“ во натпреварот влегоа максимално сериозно, но успеаа да „прокоцкаат“ предност од 3:0.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


До водство Борусија стигна во 32-та минута со голот на Санчо, за потоа на две минути пред паузата Геце да зголеми на 2:0. Офанзивна игра на Борусија беше видена и во продолжение од натпреварот, па во 67-та минута стигнаа до трет погодок. Овој пат стрелец беше Гуреиро.

И тогаш никој не веруваше дека Борусија нема да го освои комплетниот плен.

Меѓутоа во последните 10-тина минути гледавме вистинска драма. Белфодил во 75-тата минута намали на 1:3, за потоа Карабек осум минути подоцна да биде 2:3. За конечните 3:3 се погрижи Белфодил со вториот погодок на три минути пред истекот на регуларните 90.






Бундес лига резултати

Борусија Менхенгладбах – Херта 0:3

Борусија Дортмунд –Хонфенхајм 3:3

Фрајбург – Волфсбург 3:3

Хановер – Нирмберг 2:0

Лајпциг – Франкфурт 0:0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…