Дома Останати Федерер: За мене рејтингот не е важен додека ги победувам Ѓоковиќ и Надал

Федерер: За мене рејтингот не е важен додека ги победувам Ѓоковиќ и Надал

Легендарниот швајцарски тенисер, Роџер Федерер изјави дека повеќе не го интересира да биде „број еден“ на АТП листата, туку само да освојува Гренд Слем титули.

Освојувачот на 20 Гренд Слем титули изјави дека лошиот рејтинг не му претставува проблем се додека знае дека може да ги победи најдобрите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„За мене, сега кога имам 37 години, рејтингот повеќе не е приоритет. Сакам да бидам здрав, да знам дека можам да освојувам турнири и да знам дека можам да ги победам Ѓоковиќ и Надал“, истакна Федерер.

„Проблем е кога мислиш дека немаш шанси. Дури и ако ми падне додатно рејтингот не ми е важно. Се додека можам да се борам за Гренд Слем титули добро е“, додаде Швајцарецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Како Тајсон се подготвува за борбата со Џејк Пол? Нема ceкс и мариxуана!

Неповторливиот Мајк Тајсон (57) ќе се врати во рингот две години по eгзибицијата со Рој Џо…