Дома Топ вести Во Барса не ги исполни очекувањата, Челзи го сака како замена за Азар

Во Барса не ги исполни очекувањата, Челзи го сака како замена за Азар

Претседателот на Барселона, Бартомеу во неколку наврати истакна дека нема да го продава Филипе Кутињо, но јасно е дека Бразилецот не ги исполни очекувањата на „Камп Ноу“.

Кутињо минатиот јануари пристигна како најскапо засилување во историјата на Барселона, а веќе оваа сезона го загуби местото во првиот тим. Слабата игра на синоќешното „Ел Класико“ само потврдува дека Бразилецот е бледа сенка на овој играч од Ливерпул.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Веќе подолго време се шпекулира дека Барселона е спремна да го продаде доколку пристигне понуда поголема од 100 милиони евра, а последните информации говорат дека Челзи токму Кутињо го сака како замена за Азар.

Азар одби да го продолжи договорот и на лето сигурно ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“, а „сините“ нема да жалат пари да го донесат Кутињо во своите редови.

Челзи за Азар ќе добие нешто повеќе од 100 милиони евра и е спремен целата сума да ја понуди за потписот на Кутињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…