Дома Фудбал Англија Лингард сигурен: Следната сезона ќе се бориме за титулата!

Лингард сигурен: Следната сезона ќе се бориме за титулата!

Младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард смета дека тимот следната сезона ќе може да се бори за титулата ако на кормилото остане Оле Гунер Солскјер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Солскјер сега има статус на привремен тренер, но резултатите му одат од рака и на лето може да добие долгорочен договор.

„Солскјер и Фелан го вратија стариот Манчестер Јунајтед. Тие одлично ја познаваат лигата како и клубот од внатре, па на перфектен начин го водат тимот. Солскјер уште кога дојде знаеше што треба да прави и веднаш ја доби довербата на играчите“.

„Ни кажа дека треба да играме како вистински Манчестер Јунајтед. Сега играме добро, победуваме и постигнуваме многу голови. Сметам дека ако Оле остане на клупата следната сезона може да се бориме за титулата“, истакна Лингард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бразил и Мароко се пласираа во нокаут-фазата на Светското првенство

Во последните натпревари од групата Ц на Светското првенство, Бразил убедливо ја совлада Ш…