Фудбалерите на Реал Мадрид вчеравечер стигнаа до четвртата победа во низа во шпанската Примера.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во натпреварот од 22 коло од шпанското првенство, Реал Мадрид славеше против Депортиво Алавес со 3:0. Победата на „кралевите“ ја обезбедија Карим Бензема (30), Винисиус Жуниор (80) и Маријано Диаз (90).
Посебно добар натпревар одигра 18 годишниот Винисиус Жуниор кој неодамна се појави на големата сцена, а веќе се истакнува како еден од најдобрите играчи на Реал. На овој натпревар Винисиус имаше низа брилијантни и атрактивни потези со што одново ги воодушеви навивачите.
Винисиус доби пофалби и од тренерот Сантијаго Солари.
„Одигра одличен натпревар и беше награден со силен аплауз. Воодушевени сме од неговите настапи. Во соблекувалната секогаш има поддршка од поикусните играчи. Тие се грижат за него и го советуваат“, изјави Солари.