Дома Трансфер зона Јувентус спрема ремонт на одбраната – ова се кандидатите!

Јувентус спрема ремонт на одбраната – ова се кандидатите!

Без разлика на исходот на оваа сезона, раководството на Јувентус на лето спрема тотална реконструкција на одбраната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Последните натпревари без Киелини и Бонучи покажаа дека „бјанконерите“ немаат соодветна алтернатива, Ругани разочара, Касерес е привремено решение, а Бенатија е продаен.

Веќе е вклуќен „црвениот аларм“ во Торино, па раководството имало состанок и одличило значително да ја засили одбраната на крајот на сезоната.

На спосокот се наоѓаат тројца фудбалери. Најголема желба е капитенот на Ајакс, Матијас де Лихт кој е на мета на Барселона. Холанѓанецот преферира преселба на „Камп Ноу“, но Јувентус се надева дека преку неговиот менаџер Риола сепак ќе успее да го донесе во Торино.

На списокот се уште и Стефан Савиќ од Атлетико Мадрид кој добро ја познава Серија А, но тешко е да се поверува дека „јорганџиите“ после Годин ќе го пуштат и Црногорецот.

На радарот на „старата дама“ е и Никола Миленковиќ кој одлично игра во Фиорентина оваа сезона. За него интерес покажува и Манчестер Јунајтед, а неговата цена во моментов изнесува околу 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…