Tрансфер перидот во водечките европски лиги заврши во текот на вчерашниот ден.
Се реализираа голем број трансфери. Меѓутоа „Скај Спорт“ ги издвои и топ трансферите кои не се случија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ИВАН ПЕРИШИЌ (Интер – Арсенал)
Иван Перишиќ побара трансфер во Арсенал. Интер ја сослуша понудата, но поставуваше и свои услови. Арсенал сакаше да го ангажира Перишиќ на позајмица од шест месеци со право на откуп за 40 милиони евра. Од друга страна Интер инсистираше на продажба веднаш.
ИДРИЗ ГАЈА (Евертон – Пари Сен Жермен)
Како и во ситуацијата со Периши, Гаја бараше трансфер. Сепак, Евертон во последниот ден од преодниот рок ја одби понудата на ПСЖ вредна 30 милиони евра. Тренерот на Евертон Марко Силва се закани со оставка ако Гаја биде продаден. Поради тоа англискиот клуб одби да преговара.
ЈАНИК КАРАСКО (Далијан – Арсенал)
Освен Иван Перишиќ, Арсенал го сакаше и Караско. Милан исто така покажуваше интерес за поранешниот напаѓач на Монако и Атлетико. Прво изгледаше дека Далијан ќе го продаде Караско. Сепак во последниот ден од преодниот рок уште рано утрото, менаџерот на фудбалерот порача дека клубот го отстранил од трансфер листата.
КАЛУМ ХАДСОН ОДОИ (Челзи – Баерн Минхен)
Ова беше една од најдолгите саги, тврди „Скај Спорт“. Баерн Минхен правеше се за да го доведе Одои, но немаше успех. Челзи одби четири понуди за својот тинејџер. Со ова клубот ризикуваше да го изгуби Одои за драстично помала цена или бесплатано со оглед на тоа дека младиот фудбалер се уште не сака да потпише нов договор. Нема сомневање дека Баерн ќе се врати по него на лето.
МАРКО АРНАУТОВИЌ (Вест Хем – Гвангжу)
Марко Аранутовиќ договори трансфер во Кина во Гвангжу каде што ќе заработуваше 17 милиони евра по сезона. Инсистираше на трансфер дури и се побуни кога Вест Хем ја одби понудата од 40 милиони евра. Вест Хем сакаше да му најде замена и поради тоа не брзаше со преговорите. Додека во Вест Хем бараа замена, Гвангжу ја повлече понудата. Подоцна фудбалерот како што известуваа медиумите на Вест Хем му ветил верност 2023 година.
ВИЛИЈАН (Челзи – Пари Сен Жермен)
Пари Сен Жермен бараше замена за повредниот Нејмар кој ќе биде надвор од терените два ипол месеци, Вилијан изгледаше како одлично решение. ПСЖ се обидуваше во последниот ден од прениот рок, но Челзи не покажа желба за преговарање. Сумата која беа спремни ја понудата од Париз изнесуваше околу 50 милиони евра.