Дома Трансфер зона Реал Мадрид понуди 26 милиони за ѕвездата на Динамо Загреб

Реал Мадрид понуди 26 милиони за ѕвездата на Динамо Загреб

Шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид ќе се борат за потписот на шпанскиот интернационалец Дани Олмо, кој во моментив игра во Динамо Загреб.

Олмо е продукт на школата на Барселона, каде помина цели седум години, а потоа ја напушти „Ла Масија“ и се пресели во Динамо Загреб.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


20-годишниот крилен напаѓач игра во Загреб од 2014 година и веќе две сезони е најдобар играч во хрватското првенство.

Интерес за Олмо покажува и Милан, но негов приоритет е да се врати во Шпанија. Барселона сака да го врати во своите редови, но Реал Мадрид е во пол-позиција за неговиот потпис бидејќи веќе испратил конкретна понуда.

Шпанските медиуми тврадт дека „кралевите“ понудиле 26 милиони евра, сума која ќе ги задоволи апетитите на Динамо Загреб.

Олмо оваа сезона одигра 26 меча за Динамо Загреб на кои постигна 4 гола и запиша 7 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Анте Ребиќ се враќа во Серија А?

Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ од следната сезона би можел повторно да игра во Серија А. И…