Клариса Алвес, сопругата на Марсело во интервју за шпанските медиуми зборуваше и за Кристиано Роналдо.
Таа во големо интервју зборуваше за нејзината актерска кариера, но и за Кристиано Роналдо кој го напушти Реал Мадрид минатото лето и премина во Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Остана голема празнина откако Роналдо си замина од Мадрид, Јас и Георгина имавме добар однос, а мојот син го обожаваше Жуниор, синот на Роналдо. Поради тоа морам да кажам дека на сите ни недостасува“, призна сопругата на Марсело.
Клариса призна и дека е тешко да се биде жена на фудбалер поради големото медиумско внимание, но знае и дека таквиот статус и донел повеќе пријателки.
„Имам добри пријателки. Вања, сопругата на Лука Модриќ е мој голем пријател, тука е и Андреа, сопругата на Кејлор Навас. Се сложувам скоро со сите, тука сум веќе 12 години и ги знам сите“, откри Клариса.