Дома Фудбал Машинеријата од Атлетико Мадрид ја прегази Севилја

Машинеријата од Атлетико Мадрид ја прегази Севилја

Фудбалерите на Атлетико Мадрид го добија дерби натпреварот против Севилја во рамките од 28.коло во шпанската Примера.

На средбата одиграна попладнево на „Винсенте Калдерон“ во Мадрид, Атлетико со 3-1 ја победи Севилја. Стрелци на головите за популарните „јорганџии“ беа: Диего Годин (37.минута), Антоан Гризман (61) и Коке (77), додека поразо0т на андалузиската екипа го ублажи Хуан Кореа на пет минути пред крајот на средбата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Со новите три бодови, а во трка за третото место на табелата сега Атлетико има само два бода помалку од Севилја, но пет помалку од Барселона, односно дури десет во однос на лидерот на табелата Реал Мадрид.

До крајот на ова коло се одиграат уште три натпревари: Депортиво Ла Коруња – Селта Виго 0:1, Спортинг Хихон – Гранада 3:1 и Барселона – Валенсија 4:2.

Табела: Реал Мадрид 65 бодови, Барселона 63, Севилја 57, Атлетико Мадрид 55, Виљареал 48, Сосиедад 48, Атлетик Билбао 44

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристал Палас му нанесе петти пораз по ред на Тотенхем.

Тотенхем продолжува да тоне во Премиер лигата, запишувајќи петти пораз по ред во шампионат…