Дома Ракомет Идеалниот тим на Светското првенство – тројца Норвежани, двјаца Данци, по еден Германец и Шпанец!

Идеалниот тим на Светското првенство – тројца Норвежани, двјаца Данци, по еден Германец и Шпанец!

Вчера заврши Светското првенство во ракомет на кое Данска доминантно стигна до титулата.

Данска во финалето покажа моќ против Норвешка, а за МВП на турнирот беше прогласен Микел Хансен кој Мундијалот го заврши со 72 погодоци.

Кога во прашање е идеалниот тим местото на Хансен му припадна на Норвежанецот Сандер Сагосен. Друштво на Сагосен му правеа неговите сонародници Магнус Јондал и Бјарт Мирхол.

Данците во најдобриот тим имаат двајца претставници, Николас Ландин и Расмус Лауге. Останатите позиции ги пополнуваат Фабијан Виде од Германија и Шпанецот Феран Соле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Три проверки за 19 ракометарки: во Анкара ќе се крои тимот за ЕП

Игор Марковиќ повика 19 ракометарки за завршните подготовки, а конечниот состав за ЕП ќе г…