Дома Останати Ѓоковиќ го „прегази“ Надал и го крена 15-от Гренд Слем во кариерата!

Ѓоковиќ го „прегази“ Надал и го крена 15-от Гренд Слем во кариерата!

Новаќ Ѓоковиќ многу полесно од очекуваното го победи Рафа Надал со 3:0 во финалето на Австралија Опен и го освои 15-от Гренд Слем во кариерата.

Србинот фуриозно го отвори натпрварот со брејк во првиот гем. Доминантно го освојуваше својот сервис и не му даде шанса на Надал да го возврати брејкот па го освои сетот со 6:3.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Слично беше и во вториот сет кај Ѓоковиќ уште еднаш ја потврди својата доминација и славеше со 6:2. Во третиот сет Надал пружи најмногу отпот, но Ноле успеа да направи брејк во 5-от гем и на крајот го освои сетот со 6:3.

Ѓоковиќ денес доминираше во сите сегменти на играта и воопшто не му даде никаква шанса на Надал.

Ова за Србинот беше 7-ми триумф во Австралија и 15-ти Гренд Слем во кариерата!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Синер го врати тренерот по аферата со допинг

Јаник Синер одлучи во својот тим да го вклучи Умберто Ферара, кондиционен тренер и човек к…