Дома Фудбал Останато Интер е подготвен да го продаде Иван Перишиќ

Интер е подготвен да го продаде Иван Перишиќ

perisic

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ минатото лето интензивно се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, но неговиот Интер одби да го продаде на „Црвените ѓаволи“.

Наводно Интер одбил 50 милиони евра за Перишиќ, но сега ситуацијата е поинаква. Перишиќ во првиот дел од сезоната не успеа да ја врати вистинската форма, а јасно е дека е фрустриран од фактот дека Интер не сака да го пушти во Јунајтед, со оглед на тоа што јавно ја изразуваше својата желба да игра во Премиер лигата.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


„Gazzetta dello Sport“ сега објави дека Интер е подготвен да го продаде Перишиќ до крајот на зимскиот трансфер период и тоа за 35-40 милиони евра. Наводно Интер како замена за Перишиќ сака да го доведе Караско, кој веројано би чинел дел од сумата која ќе ја заработи од потенцијалниот трансфер на хрватскиот репрезентативец, со оглед на тоа што Белгијанецот сака што побрзо да го напушти кинескиот Далиан Јифанг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фергусон го избрал новиот тренер на Манчестер Јунајтед

Ерик Тен Хаг е под голем притисок поради лошите резултати и наскоро би можел да добие отка…