Селекцијата на Данска полесно од очекувањата славеше над актуелниот светски шампиoн Франција со резултат од 38-30 и се пласираше во финалето на Мундијалот.
Данска беше подобра во текот на целиот меч, а Хансен буквално ги „прегази“ Французите и одигра маестрална партија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одбраната на Французите немаше рецепт за брзите напади на Данците, а и во нападот потфрлија „триколорите“.
Данска уште на полувремето создаде шест гола разлика, а во второто полувреме во еден момент имаше и двоцифрена предност.
Убедливо прво име кај Данска беше Микел Хансе кој мечот го заврши со 12 погодоци, а го следеше Лауге со шест гола.