Дома Фудбал Еве како ќе изгледа средниот ред на Барса следната сезона!

Еве како ќе изгледа средниот ред на Барса следната сезона!

Барселона вчера и официјално потврди дека холандскиот репрезентативец Френки Де Јонг од следната сезона ќе биде дел од каталонскиот гигант.

Де Јонг, кој важи за еден од најголемите таленти во Европа, ја избра Барселона пред ПСЖ и Манчестер Сити, а Каталонците за неговиот потпис платија 90 милиони евра.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Со неговото доаѓање е комплетиран планот на Барселона да создаде среден ред за иднината.

Пред една година во Барселона пристигна Артур Мело, кој е веќе важен играч во тимот. Тука се и младите Карлос Алења, Ориол Бускетс и Рики Пуиг. Со веќе договореното доаѓање на Рабио, Каталонците ќе имаат импресивен среден ред составен од млади фудбалери.

Се очекува Рафиња и Денис Суарез на лето да бидат продадени за да се направи простор за Де Јонг и Рабио.

Барселона сега нема да мора да се грижи во следните 10 години, барем кога е средниот ред во прашање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од Ливерпул се премислија за Киеза

Ливерпул ја промени својата позиција во врска со иднината на напаѓачот Федерико Киеза во к…