Дома Фудбал Англија Авионот на Сала станува мистерија: Пилотот бил променет во „5 до 12“ – двајцата имале исто име!?

Авионот на Сала станува мистерија: Пилотот бил променет во „5 до 12“ – двајцата имале исто име!?

Потрагата по исчезнатиот авион со кој патуваше Емилијано Сала се уште е во тек, засега нема конкретни информации за негово пронаоѓање.

Секој ден се појавуваат нови информации, а денес француските медиуми објавија дека пилотот Дејв Иботсон во последен момент влетал во комбинација да пилотира на овој лет.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што се открива пасошката контрола заедно со Сала ја минал Дејв Хендерсон и тој требало да го вози авионот на враќањето во Кардиф. Но, промена се случила во последен момент и на летот место Дејв Хендерсон се качил 60 годишниот Дејв Иботсон.

Сомнителна е и чудната порака на Иботсон на Фејсбук во која му одговара на негов пријател дека е малку „зарѓан“ со инструментите за слетување.

Нејасно е и зошто Иботсон без да пријави проблем побарал да се спушти од 1524 метри на само 700 метри. Токму по ова негово барање на авионот му се губи секаква трага.

Во меѓувреме неговата поранешна девојка вчера објави дека според неа ова не е несреќен случај.

Полицијата утрово потврди дека истрагата денес и официјално е продолжена. Чекаме нови информации…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…