Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед веројатно го заработи најбрзиот отказ во историјата на фудбалот.
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс верувале или не, менаџер на Олдам беше – 45 минути!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сопственикот на клубот кој се натпреварува во англиската четврта лига, Мароканецот Абдалах Лемсгам потврди дека со Сколс е завршена соработката која чекаше едвај да почне.
„Му посакуваме се најдобро“, порача првиот човек на клубот од „Чепел Роуд“.
Каде настанал проблемот?
Откако постигнале вербален договор, претседателот со своите соработници го прошетал Сколс низ тренинг центарот и стадионот, а тука легендарниот фудбалер очигледно се сретнал со слика која не ја очекувал. Тогаш не ги избирал зборовите…
„Му кажав на претседателот дека тој и неговите соработници се кловноци и дека клубот им е сра*е“, искрен бил Сколс во изјавата за англиските медиуми.
Сколс не мислел да ги навреди, туку само да предизвика реакција за условите да се подобрат.
„Очекував некаква реакција, тој е ме отпушти веднаш на лице место“, открил Сколс, па разочарано порачал.
„Фудбалот повеќе не е жив, така е од моментот кога јас се пензионирав од (2012 година) тогаш започна ерата на интернетот“…