Дома Фудбал Англија Целиот свет се моли за Емилијано Сала: „Марка“ објави видео од движењето на авионот!

Целиот свет се моли за Емилијано Сала: „Марка“ објави видео од движењето на авионот!

Утрово шокантна вест го потресе целиот свет – исчезна авионот со новото засилување на Кардиф Емилијано Сала.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Официјални потврди нема, но сите стравуваат од најлошото, а тоа е дека авионот на Сала се урнал некаде на патот од Франција до Англија.

Претседателот на француски Нант каде што досега настапуваше Сала истакна дека станува збор за љубезен играч кој е сакан и почитуван од соиграчите.

„Беше навистина љубезен сите го сакаа, се надевам дека ќе го најдеме некаде. Со сето срце се надеваме на такво нешто“, изјави Валдермар Кита.

Авионот припаѓал на сопственикот на Кардиф кој како и полицијата потврди дека истрагата е во тек.

Според извештајот на полицијата досега се пребарани 1.000 квадратни метри.

„Марка“ пак објави видео на кое се покажува патот на авионот – видеото можете да го погледнете ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Два клуба го сакаат Ираола на клупата

Андони Ираола ќе го напушти Борнмут ова лето по одличниот резултат и промоцијата во Конфер…