Кардиф го сруши клупскиот трансфер рекорд и за 17 милиони евра го договори трасферот на Емилијано Сала од Нант, но…
Во овие моменти постои голема загриженост кај фудбалскиот свет, бидејќи авионот со кој Сала патуваше за Кардиф исчезна од радарот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Станува збор за приватен лет од Нант до Кардиф, а француската полиција потврди дека авионот во моментов се води како исчезнат.
Полицијата потврди дека акцијата за спасување е во тек, активирани се хеликоптери и чамци, но нема ни трага од авионот во кој се наоѓа 28-годишниот фудбалер.
Сала пред неколку дена беше во Кардиф и го комплетираше трансферот, а сега се врати во Нант да се поздрави со неговите веќе довчерашни соиграчи.
Интересно, тој како да претпоставуваше дека нешто лошо ќе се случи, па со денови одбиваше да потпише за Кардиф, иако двата клуба веќе го договорија трансферот.
La ultima ❤️ ciao @FCNantes ???? pic.twitter.com/SV1dNHbYYH
— Emiliano Sala (@EmilianoSala1) January 21, 2019