Дома Останати Ѓоковиќ се намачи, но се пласира во четвртфинале на Австралија Опен

Ѓоковиќ се намачи, но се пласира во четвртфинале на Австралија Опен

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ се намачи против Данил Медведев, но се пласираше во четвртфиналето каде го чека Каи Нишикори.

Ѓоковиќ после голема битка која траеше 3 часа и 15 минути, со вкупни 3:1 успеа да го победи Медведев. (6:4, 6:7, 6:2 и 6:3).

Ѓоковиќ го доби првиот сет, Медведев најсериозен отпор пружи во вториот сет кој му припадна во тај-брејкот. Србинот потоа лесно со 6:2 го освои третиот сет.

Младиот Русин немаше сили во четвртиот сет кој му припадна на Ѓоковиќ со 6:3 за пласман во четвртфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Oбјавена фотографија на Ѓоковиќ од 2003 година, дали би го препознале?

Во текот на последните две децении, Новак Ѓоковиќ безброј пати ги израдува љубителите на т…