Њу Ингланд Петриотс повторно ќе играат во Супербоул финалето. Таму ги однесе веројатно најдобриот НФЛ играч на сите времиња, Том Брејди.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со победата над Канзас Сити во финалето на АФЦ конференцијата со резултат 37-31, Њу Ингланд патриотс стигнаа до рекордниот 9-ти Супербоул под раководството на легендарниот тренер Бил Беличик и квотербекот Том Брејди.
Во финалето Петриотс ќе играат против Лос Анџелес Ремс кои во контроверзна завршница успеаја да ги совладаат Њу Орлеанс Сјнтс со 26:23.
Најголемиот натпревар во американскиот фудбале, Супербоул, ќе биде одигран на 3-ти февруари во Атланта.