Дома Тенис Сензација во Мелбурн: Елиминиран Роџер Федерер!

Сензација во Мелбурн: Елиминиран Роџер Федерер!

Денес го видовме првото големо изненадување на Австралија Опен, откако беше елиминиран еден од главните фаворити за титулата, Роџер Федерер.

Бранителот на титулата од минатата сезона беше елиминиран од Стефанос Циципас со 3:1 во сетови, 7-6/, 6-7/, 7-5, 7-6.

Федерер имаше добар сервис и спаси неколку брејк топки, за за разлика од Гркот кој не дозволи да загуби гем на негов сервис.

Трите сета заминаа во тајм брејк, а 18 години помладиот тенисер беше поуспешен и направи големо изненадување на Австралија Опен.

Циципас во наредното коло ќе игра со Шпанецот, Роберто Баутиста Агут.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Куманово собира 16 ветерански екипи, МКД Мастерс по место во завршницата

Мастерс Куп 2026 се игра на 13 и 14 ноември во Куманово. Домаќинот МКД Мастерс има три гру…