Дома Останати Тенис Легендарниот тенисер нема дилеми: Федерер е најдобриот на сите времиња

Легендарниот тенисер нема дилеми: Федерер е најдобриот на сите времиња

Прославениот пензиониран тенисер зборуваше за Роџер Федер како најдобар спортист во историјата на тенисот.

Џон Мекинро во интервју за „Тенис ТВ“ со пофални зборови зборуваше за Роџер Федерер, го пофали и Надал, но за него Швајцарецот најдобар.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Роџер има 20 Грен слемови, додека Рафа 17 и Американецот смета дека тука е клучот за најдобар на сите времиња.

„Федерер констатно воодушевува голем број луѓе, вклучувајќи ме и мене. Кога ги гледате него и Рафа, Роџер е фаворит тој е најдобриот играч кој се занимавам со овој спорт“, изјави Мекинро.

Малце зачудувачки е што Мекинро воопшто не го спомна Новак Ѓоковиќ.

Федерер на Австралија Опен може да стигне до неговиот седми трофеј на овој турнир, што ќе биде вкупно 100-ти во неговата кариера. Поранешниот втор тенисер на светот, Тони Хас смета дека „стотката“ за Федерер е само прашање на време.

„Тоа е неверојатно, мислам дека тоа е само прашање на време. Ќе биде многу возбудливо за него, тој успех му е зад аголот“, јасен беше Хас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…