Реал Мадрид е силно заинтересиран за дефанзивецот на Порто, Едер Милитао и веќе почнал да работи на трансферот.
„Кралскиот“ клуб размослува да ја плати откупната клаузула на Милитао, која изнесува 50 милиони евра, пренесува „АС“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал веќе стапил во контакт со агентот на 20-годишниот Бразилец и сака до крајот на месецот да го комплетира трансферот. Милитао не сака да ја промени средината во јануари, па „кралевите“ се спремни да го остават на позајмица во Порто до крајот на сезоната.
Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул исто така покажуваат интерес за дефанзивецот, па поради тоа Реал сака да ја победи конкуренцијата и да го комплеира трансферот што е можно побрзо.
Милитао минатото лето пристигна во Порто од Сао Паоло за 4 милиони евра и има договор со португалскиот клуб до 2023 година.
Real Madrid are considering paying Militão's 50M euro buy-out https://t.co/dhcWb66O0J United, Liverpool and Chelsea are in the race for the Porto centre-back pic.twitter.com/tfcUIsOd9f
— AS English (@English_AS) January 17, 2019