Дома Топ вести Официјално: Поранешниот напаѓач на Ливерпул се врати во Премиер лигата

Официјално: Поранешниот напаѓач на Ливерпул се врати во Премиер лигата

Сега е и официјално, Рајан Бабел е нов играч на Фулам!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Холандскиот напаѓач доаѓа во лондонскиот клуб од турски Бешикташ во трансфер вреден два милиони евра. Споменатиот износ Фулам ќе го плати во вид на позајмица до крајот на сезоната кога на Бабел му истекува договорот со инстанбулскиот клуб.

Поради финансиските проблеми кои ги има Бешикташ сакаше само да се ослободи од Бабел и високата плата која ја добиваше овој фудбалер (три милиони евра по сезона). Од истата причина неодамна и португалскиот стопер Пепе го раскина договорот со Бешикташ и направи трансфер во Порто.

Бабел е првото засилување за Фулам во овој преоден рок.

„Дефинитивно верувам во опстанок и тоа е една од причините поради што дојдов тука. Спремен сум возбуден и едвај чекам да заиграм“, изјави Бабел на промоцијата.

Тој во претходните две сезони го носеше дресот на Бешикташ, а претходно настапуваше за Депортиво, Ал Аин, Кашимапаша, Ајакс, Хофенхајм и Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…