Дома Трансфер зона Не е само Адеми: Лацио сака уште еден Македонец!

Не е само Адеми: Лацио сака уште еден Македонец!

Вчера во јавноста се појави вест дека Арјан Адеми е на мета на клубовите од Рим, Рома и Лацио.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Денес португалските медиуми пишуваат дека освен за Адеми, Лацио покажал интерес и за Стефан Ристовски.

Португалски „О Жого“ пишува дека Ристовски е втора опција доколку не успеат во намерата да го доведат Давиде Запакоста од Челзи.

Ристовски се здоби со повреда и од тој момент не добива премногу шанса во Спортинг, прв избор на трнерот Марсел Кејзер е Бруно Гаспар.

Во споменатиот медиум се наведува и дека Ристовски со сигурност ќе ја прифати понудата да се врати во Серија А каде што помина повеќе од четири години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…