Во 2016 година Јирген Клоп го плати Садио Мане 41 милиони евра, Мане пристигна од Саутемптон, а Клоп сега откри дека претходно имал шанса да го доведе во Борусија Дортмунд.
Мане денес е еден од најдобрите играчи на Ливерпул, а Клоп имал прилика да го доведе во 2014 година за 23 милиони евра во Борусија Дортмунд.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Во тоа време Мане настапуваше за Салцбург и Клоп иако имал прилика самиот се откажал од трансферот на фудбалерот.
Саутемптон тогаш го искористи откажувањето на Борусија и го купи Мане. После две одлични сезони го натера Клоп да му верува, па Германецот го доведе во Ливерпул.
„Направив неколку грешки, а една од најголемите е што не го купив Садио Мане кога бев во Борусија Дортмунд. Беше во мојата канцеларија, разговаравме. Но, не бев сигурен дали тој е вистинскиот, па се откажав од трансферот“, откри Клоп.